Србија ги објави новите мерки во борбата против ковид

1 min read

Кризниот штаб на Србија денеска ги објави новите мерки во борбата против новиот раст на бројките на заболени од ковид.

Според новите мерки, во Србија третата доза граѓаните ќе можат да ја примаат по 3 месеци од втората. Покрај ова, периодот на изолација е намален од 10 на 7 дена, пренесува српски Блиц.

„Во вторник ќе се одржат дополнителни консултации во однос на основните и средните училишта во централна Србија“ изјави Зоран Гојковиќ, покраинскиот секретар за здравство.

На седницата се разговараше за новите мерки, вакцините и ковид пропусниците. Но, не се знаеше со сигурност дека ќе има некакви промени, иако епидемиолошката состојба во таа земја така налага.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лазаров: Моите играчи треба да знаат како се победува, и тоа малку ме загрижува

Следно

Единствено што ви треба во овие студени денови: Зимска чорба полна со витамини и минерали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian