Шестмесечно бебе почина од ковид во Скопје

1 min read

Институтот за јавно здравје денеска во извештајот доставен до Министерството за здравство пријави починато дете на шестмесечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 3 јануари годинава.

Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија.

„Со цел постоперативно третирање, детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранaта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 3 јануари доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги презедоа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално“, велат здравствените власти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Традицијата не смее да трпи: Верниците во Индија се капеа во светата река и покрај ужасната ковид состојба

Следно

Роналдо не верува дека Македонија може да изненади против Италија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian