Роналдо не верува дека Македонија може да изненади против Италија

1 min read

Има уште доста време до 24 март 2022 година кога македонската А репрезентација ќе му гостува актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето од мундијалскиот бараж.

Потсетување дека победникот од тој дуел пет дена подоцна ќе му гостува на подобриот од пресметката Португалија – Турција.

Еден од најискусните португалски репрезентативци, Кристијано Роналдо во интервјуто за „ЕСПН Бразил“ вели дека повеќе верува во финална пресметка против Италија за пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава.

Играчот на Манчестер јунајтед од неговото деби во 2003 година, не пропуштил досега ниту едно големо натпреварување. Играше на четири Светски и пет Европски првенства, исто така стигнувајќи до финале во 2004 година.

– Во фудбалот и во животот поминуваме низ тешки моменти, но она што е важно е способноста да се кренеме. Знаеме дека имаме тешки натпревари, прво против Турција. А доколку победиме мислам дека во финалето ќе играме против Италија. Ќе видиме. Во март ќе бидеме подготвени, ќе биде битка, ќе биде одлично за љубителите на фудбалот – вели 36-годишниот Роналдо.

Каква Македонија, во мислите на Бонучи само Португалија и Роналдо

Португалецот е свесен дека една светска фудбалска велесила (помеѓу Италија и Португалија) за жал нема да биде дел од Мундијалот.

– Таков е животот, нема совршени сценарија. Мораме да се соочиме со нештата онакви какви што се – се зборовите на Роналдо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шестмесечно бебе почина од ковид во Скопје

Следно

Еве кои намирници можете да ги јадете и навечер, а да не се здебелите!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian