Ниту еден настап за девет години, Илиев ќе го напушти Арсенал

1 min read

Арсенал се договорил да му дозволи на Дејан Илиев да го напушти клубот овој месец, пренесуваат британските медиуми.

Македонскиот голман за девет години колку што го носеше дресот на овој премиерлигашки гигант, не запиша ниту еден сениорски настап за оваа екипа.

Од Беласица се пресели во Лондон пред почетокот на сезоната 2012/2013, воглавно ги бранеше боите на У18, У21 и У23 тимот на Арсенал.

„Топџиите“ неколку пати го испратија нашиот чувар на мрежата на позајмица, во словачкиот Серед, полската Јагелонија и Шрусбери таун.

Илиев еднаш беше во составот на првиот тим во мечот од Лига купот во победата над Норич сити. Ја грееше клупата и на дуелот од Лига Европа против Карабах, а беше трета опција во поразот од 4:1 против Челси.

Во меѓувреме македонскиот голман се здобиваше и со повреди, неговиот договор со Арсенал истекува следното лето, но клубот одлучи истиот предвреме да го раскине, дозволувајќи му да пронајде нов предизвик во својата кариера.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бомгартнер: Сакаме да бидеме корисни и да направиме сè за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Следно

Над 8.500 новозаразени од ковид во Хрватска, починаа 32 пациенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian