„Нетфликс“ инспириран од драмата на Ѓоковиќ во Австралија: Наскоро следи документарен филм за српскиот тенисер!

2 mins read

Драмата која се случи околу пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија по повод турнирот Австралија Опен ќе биде прикажана во документарен филм на „Netflix“, пренесува „Daily Mail“.

Тоа ќе биде еден вид тениска верзија на документарниот серијал „Drive to Survive“. Филмската екипа наводно веќе е во Австралија.

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

Серијата ќе ја снима лондонската „Box To Box Films“, а извршен продуцент ќе биде Џејмс Геј Рис. Странските медиуми велат дека филмската екипа ќе го следи тенискиот тим во текот на целата сезона и наводно ќе добие пристап до области како што се соблекувалните и салоните за играчи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Инаку, тенисерот Енди Мареј неодамна коментираше дека би било добро да се направи документарен филм за тенисот.

„Многу луѓе зборуваа за документарниот филм „Drive to Survive“. Гледав неколку епизоди, уживав. Такво нешто би било навистина добро за тенисот“, изјави неодамна Енди за „Eurosport“.

„Drive to Survive“ е документарен серијал создаден во соработка со „Netflix“ и Формула 1 за да овозможи задкулисен увид во возачите и трките на Светскиот шампионат во Формула 1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Така, документарен филм кој ќе прикаже досега невидени детали за драмата на Ѓоковиќ во Австралија, може да го популаризира тенисот како спорт.

За потсетување, на Ѓоковиќ, кој не беше вакциниран против коронавирусот, му беше укината визата набргу по слетувањето во Австралија. Ѓоковиќ вчера беше потврден на официјалната ждрепка за Австралија Опен и покрај неизвесноста дали владата по вторпат ќе му ја укине визата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Австралискиот премиер Скот Морисон одби да го коментира визниот статус на Новак Ѓоковиќ, велејќи дека министерот за имиграција Алекс Хок треба да одлучи дали ќе го укине или не.

Тениската драма во Австралија резултираше со општо лудило на социјалните мрежи, особено на „Twitter“. За српскиот тенисер во последните пет дена на таа социјална мрежа се напишани околу 150 милиони објави.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Екс членот на Вардар, Шеваљевиќ: Одиме на победа против Македонија

Следно

Завршен документарниот филм за труењето на Алексеј Навални – премиерата наскоро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian