Над 8.500 новозаразени од ковид во Хрватска, починаа 32 пациенти

1 min read

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 8555 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е 55.789. Од нив, 1.710 пациенти се во болница, од кои 205 се на респиратор. Починаа 32 лица.

Бројот на лица во самоизолација е 16.897. Закрепнале вкупно 733.918 лица, од кои 8.234 во последните 24 часа. Досега се тестирани вкупно 3.959.580 лица, од кои 17.926 во последните 24 часа.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, вчера починале 13.006 лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ниту еден настап за девет години, Илиев ќе го напушти Арсенал

Следно

ФОТО | Kети Пери го забрза пулсот на Инстаграм корисниците: Се фотографираше без градник!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian