Кевин Спејси воодушевен од ликот на Туѓман: Не ме убедуваа долго

1 min read

Познатиот американски актер Кевин Спејси во интервју за „Хрватски тједник“ откри дека не било потребно долго време за да го убедат да ја прифати улогата на Фрањо Туѓман во филмот „Туѓмановата бура“.

Во своето интервју тој изјави дека има голема почит кон хрватскиот претседател. Актерот изјавил дека „три месеци интензивно се занимава со Туѓман“ и дека тоа му е вообичаен начин на работа.

„Седлар и јас сме пријатели и знам дека не би се обидел да ми намести нешто лошо. Зборуваше многу искрено и со многу страст за Туѓман, многу се грижеше да го играм неговиот пријател Фрањо и брзо се договоривме“, изјави Спејси.

Тој изјави дека му се допаѓа „страста на Туѓман што им недостига на денешните политичари“ и дека ја одиграл улогата најдобро што можел.

Хрватскиот весник соошти дека „Спејси е посилен во интерпретацијата од самиот Туѓман“.

„Секој збор што го изговори се чинеше дека е осмислен токму тогаш, а го подготви одличен актер кој дојде во Хрватска да го даде најдоброто од себе, за подобро да го протолкува најдоброто од сите“, напишаа тие.

Се наведува и дека во Америка се води хајка против Спејси и дека „злите луѓе во Хрватска се обиделе да ги стават неговите судски проблеми во прв план“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | По смртта на синот, пејачката се обиде да се самоубие: Шинејд О’Конор сподели морничави пораки

Следно

ОГРОМНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ! Откриен е ГЕН кој го удвојува ризикот од тешко заболување со ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian