Хакери од Северна Кореја украле криптовалути во вредност од 400 милиони долари во 2021 година

1 min read

Северна Кореја изврши седум напади на платформи за криптовалути минатата година и извлече дигитални средства во вредност од речиси 400 милиони долари, пишува Ројтерс.

„Од 2020 до 2021 година, бројот на хакерски напади поврзани со Северна Кореја се зголеми од четири на седум проценти, а вредноста на повлечените средства скокна за 40 отсто. Кога Северна Кореја ја презеде контролата врз средствата, започна внимателен процес на перење пари за да ги прикрие и да ги заработи“, се вели во извештајот на експертите.

Северна Кореја негира

Експертите на Обединетите нации кои ги следат санкциите кон Северна Кореја го обвинуваат Пјонгјанг ваквите кражби ги користат за финансирање на нуклеарни и балистички програми.

Северна Кореја претходно негираше дека има нејзини хакери.

Американците обвинија тројца севернокорејски програмери

Минатата година, Соединетите Држави обвинија тројца севернокорејски програмери, кои работат за државната разузнавачка служба, дека со години краделе 1,3 милијарди долари во пари и криптовалути, оштетувајќи компании како банки, па дури и холивудско филмско студио.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Единствено што ви треба во овие студени денови: Зимска чорба полна со витамини и минерали

Следно

Уставен суд останува со минималните петмина судии, му заврши мандатот на Јован Јосифовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian