Голем хакерски напад врз Украина: Дали е ова увертира за руски напад?

1 min read

Утринава бил извршен голем хакерски напад врз веб-страниците на неколку украински министерства, јавуваат агенциите. Хакирани се се веб-страниците на Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи. Хакирана е и веб-страницата на државната служба за итни случаи.

Некои од страниците се недостапни, а на страниците на Министерството за надворешни работи се појави текст на руски, полски и украински јазик. „Украинци! Сите информации за вас ќе станат јавни. Плашете се и очекувајте го најлошото“, стои во пораката над која е прикажано украинското знаме.

Нападот се случи во време на големи тензии меѓу Русија и Западот околу Украина. Поради евентуална руска инвазија на Украина, беа одржани неколку рунди преговори со цел да се смират тензиите, но безуспешно.

Зачленувањето на Украина во НАТО ќе ја премине „црвената линија” за Русија / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Русија има концентрирани околу 100.000 војници долж границата со Украина.
САД експернсо излегоа со изјава околу хакерскиот напад кој утринава беше извршен врз дел од украинските министерства.

Соединетите Држави се „подготвени“ за сите сценарија со Русија, без разлика дали тоа е продолжување на дијалогот или „решителен одговор“ во случај на напад врз Украина

НАТО, Брисел / Фото: Архива

Од администрацијата на американскиот претседатек Бајден соопштија дека Вашингтон ќе се консултира со НАТО сојузниците и партнерите за следните чекори“

Според американската разузнавачка служба, Русите се уште „не донеле конечна одлука“ за евентуална инвазија на соседната земја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Гази Баба приведени двајца крадци

Следно

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian