ФОТО+ВИДЕО | Пејачката Бојана Скендеровски наскоро со нова песна: Спотот ќе ве шокира!

1 min read

По пауза од речиси две години од македонската музичка сцена, со нова песна и видеоспот се враќа познатата пејачка Бојана Скендеровски, која јавноста ја знае и како Атанасовска.

Оние што ја знаат Бојана од поодамна на сцената, ќе се сетат дека пред десетина години беше една од најактивните пејачки на домашната сцена. Имаше огромен хит во дует со Роберт Билбилов и Тони Зен, „Во дилема“ со кој се прослави. Освен како пејачка, таа беше и водителка, но и се занимаваше со приватен бизнис за убавина.

Последно најави на својот инстаграм -профил дека објавува најнова песна, со „тизер“ видео на кое се гледаат интересни сегменти од снимањето. Таа напиша на видеото „Наскоро“ и го сподели со своите фанови, кои воодушевено реагираа на кусиот спот. Реализацијата е на „Just B Production“, под палката на Роберт Билбилов.

На последната објава на својот инстаграм-профил, пејачката сподели фотографија на која „откри“ дел од текстот од својата песна, и напиша:

„Ти до мене си седнал, ме слушаш како зборувам,имаш прашања по кои гледам дека си само публика…” со најава за видеото наскоро.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои се трите можни сценарија: Ѓоковиќ од притвор или на терен или на аеродром!

Следно

Во Кисела Вода обезбеден празниечн ручек за 350 социјално загрозени лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian