ФОТО+ВИДЕО: Европските лидери се збогуваа со Давид Сасоли

2 mins read

Голем број европски и италијански лидери денеска присуствуваа на државниот погреб во Рим на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, кој почина на почетокот на оваа недела, пишува Ројтерс.

Погребот на Сасоли / Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Марио Драги, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел беа меѓу европските и италијанските функционери кои го испратија некогашниот новинар, потоа европратеник и на крајот претседател на Европскиот парламент.

Урсула фон дер Лајен на погребот на Давид Сасоли/ Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Во базиликата Св. Марија од Ангелите стоеше почесна стража покрај одарот на Давид Сасоли на римскиот Капитол каде илјадници луѓе вчера се простија од него.

Меѓу присутните на збогувањето беа и францускиот премиер Жан Катекс, чија земја моментално претседава со Европската унија, и неговиот шпански колега Педро Санчез, како и претседателите на двата дома на италијанскиот Парламент и бројни министри во италијанската Влада.

Шпанскиот премиер Педро Санчез на погребот на Сасоли/ Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Сасоли почина во болница во Авиано каде што беше хоспитализиран од 26 декември „поради тешки компликации од дисфункција на имунолошкиот систем”.

Неговиот мандат од две и пол години на чело на законодавното тело на Европската унија требаше да заврши кон крајот на јануари.

Вршител на должноста претседател на Европарламентот сега е потпретседателката Роберта Метсола, политичарка од Малта, која би требало да го наследи Сасоли.

Фон дер Лајен ја опиша смртта на Давид Сасоли како „тажен ден за Европа”, а Драги го испрати последниот поздрав до „длабоко убедениот проевропеец (…) симбол на рамнотежа, хуманост и великодушност”.

Марио Драги на погребот на Сасоли/ Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Кисела Вода обезбеден празниечн ручек за 350 социјално загрозени лица

Следно

АА: Правдата ќе ги погоди и заштитените мечки од ДУИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian