ФОТО | По смртта на синот, пејачката се обиде да се самоубие: Шинејд О’Конор сподели морничави пораки

3 mins read

Пејачката Шинед О’Конор неодамна го загуби синот Шејн, а сега е примена во болница бидејќи не можела да се справи со смртта на синот.

Синот на пејачката имал само 17 години, а тој трагично си го одзел животот додека Шинејд целата вина ја преземала на себе.

 

„Одлучив да го следам својот син. Нема смисла да се живее без него. Сè што ќе допрам, го уништувам. Останав поради него, а тој сега го замина. Си го уништив семејството. Моите деца не сакаат да ме знаат. Јас сум никаков човек. А, вие мислите дека сум добра затоа што можам да пеам, но јас несум“, напишала Шинејд на својот твитер-профил и додала:

 

„Жал ми е. Не требаше да го кажам тоа. Сега сум со полицајци на пат кон болницата. Жал ми е што ги вознемирив сите. Изгубена сум без моето дете и се мразам себеси. Болницата ќе помогне некое време. Но, ќе го најдам Шејн. Ова е само одложување3“, стои во последниот твит на профилот на Шинејд.

Да потсетиме, синот на пејачката беше пронајден мртов на 7 јануари, само неколку дена откако беше пријавено неговото исчезнување. Пејачката изјави дека Шејн го планирал својот погреб еден месец пред да се самоубие, а причина за самоубиството било нарушено ментално здравје.

Почина 17-годишниот син на пејачката Шинејд О’Конор: Почивај во мир, светлино моја

Шинејд О’ Конор долги години се бори со ментални нарушувања, а пред неколку години ѝ беше дијагностицирано биполарно нарушување. Некогаш една од најпознатите и најхаризматичните пејачки низ годините имаше многу испади и скандали. За жал, ова не е прв обид за самоубиство на славната пејачка.

Во 2015 година, пејачката напиша на својот профил дека се наоѓа во хотел „некаде во Ирска“. Таа се регистрирала под измислено име напишала дека е во хотел, каде што земала смртоносна доза лекови. Тогаш за обидот за самоубиство го обвини своето семејство.

„Зедов смртоносна доза. Нема друг начин да постигнам почит. Плачев со недели. А, тие ми одговараа да си одам. Моето семејство не ме цени“, напишала тогаш О’Конор.

Шинејд е хитмејкер на „Nothing Compares To You“, една од најубавите песни на сите времиња.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анен: Најдобро е за сите Ѓоковиќ да не игра на „Австралија опен“

Следно

Кевин Спејси воодушевен од ликот на Туѓман: Не ме убедуваа долго

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian