ФОТО: Неверојатно, Ѓоковиќ веќе го „елиминираа“ од Австралија опен

1 min read

Во понеделник ќе стартува првиот грен слем турнир годинава, во Мелбурн ќе се игра „Австралија опен“ каде што до последен момент нема да се знае дали ќе настапи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Повторно по судски пат српскиот ас ја бара правдата и можноста да ја брани титулата во Мелбурн каде што би испишал историја, а тоа е 21 грен слем титула, што би било најмногу во историјата на овој спорт.

Како што е веќе познато, Ѓоковиќ е прв носител и така веројатно ќе остане, но додека нешто не се промени популарната апликација „Флешскор“ преку која може да гледаат спортските резултати во живо прејудицира и веќе го отпиша Србинот од турнирот пред нешто официјално да се случи во Мелбурн.

Противник на Ѓоковиќ во првото коло треба да биде неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Но, „Флешскор“ се одлучи за неверојатен потег, а тоа е да го прогласи мечот за откажан, дека Ѓоковиќ се повлекол и дека Кецмановиќ е пласиран во следната рунда.

Новак Ѓоковиќ според „Флешскор“ веќе е исфрлен од грен слем турнирот во Мелбурн/Фото: Принтскрин/ flashscore.com

ОВА НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Експерт за имиграција остро ја осуди депортацијата на Ѓоковиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во најсиромашните населби на Куба, младите се соочуваат со големи затворски казни по ланските протести

Следно

Поразувачки бројки на пописот во Хрватска: За една деценија, земјата загубила 400.000 жители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian