ФОТО | Kети Пери го забрза пулсот на Инстаграм корисниците: Се фотографираше без градник!

1 min read

Поп пејачката Кети Пери направи жесток „бум“ споделувајќи неколку фотографии од себеси на инстаграм -профилот деновиве и предизвика силни реакции меѓу своите следбеници.

37 годишната ѕведа изгледаше фантастично додека позира топлес потпрена на ѕидот, носејќи само преголеми џинс панталони. Таа се погрижи да биде свртена со грбот кон камерата за да ги почитува правилата на Инстаграм против отворена голотија.

Стоејќи покрај натписот на кој пишува „Не го употребувајте ова“, стои и натписот на нејзината фотографија:

„Нека гори бејби“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Но тука не запре нејзиното „скокоткање“ кон јавноста. Таа во продолжение објави уште две фотографии во розов светкав корсет и сребреникава маичка, заводливо позирајќи кон камерата.

Кети Пери/Инстаграм
Кети Пери/Инстаграм

Преку 140 милиони следбеници уживаа во глетката и ја поддржа со безброј коментари дека изгледа прекрасно.

Пејачката e во брак со актерот Орландо Блум од 2016 година, со кого ја имаат ќеркичката Дејзи. Таа постојано објавува фотографии од нивните патувања и заеднички мигови, а му честиташе и роденден со колаж видео нарекувајќи го „најслаткиот, најсилниот маж што го познавам“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Над 8.500 новозаразени од ковид во Хрватска, починаа 32 пациенти

Следно

Лавров: Снемува трпение, НАТО до следната недела да одговори на барањето за неширење кон Исток

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian