Финска нема намера да се приклучи на НАТО, вели министерот за надворешни работи

2 mins read

Финска во моментов нема планови да се приклучи на НАТО, изјави во петокот нејзиниот министер за надворешни работи Пека Хаависто, во услови на зголемени безбедносни тензии меѓу соседот на Финска, Русија и Украина, пишува Ројтерс.

„Финска не разговара со НАТО за да и се приклучи на алијансата, а на Финска во моментов ниту и претстои таков проект. Безбедносната политика на Финска останува непроменета“, им рече Хаависто на новинарите на телеконференција по состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Франција.

Коментирајќи го предупредувањето на полскиот министер за надворешни работи дека Европа е поблиску до војна отколку што беше во последните 30 години, Хаависто рече дека го разбира притисокот под кој се наоѓаат Украина и Полска поради зголемените безбедносни тензии на нивните граници.

„Но, се надевам дека не сме во таква ситуација“, рече Хаависто.

Финскиот и шведскиот интерес за членство во НАТО станаа тема на меѓународната дебата оваа недела додека руските и американските претставници одржаа разговори за безбедносна политика во Женева.

Во четвртокот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за МСНБЦ навести дека Финска сака да се приклучи на НАТО, откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите во средата дека Русија ќе го смета приклучувањето на Финска во НАТО како „инструмент за конфронтација“.

Финска, која дели тешка историја со Русија по судирот на двете за време на Втората светска војна, долго време ја одржува вратата на НАТО отворена, велејќи дека има право да аплицира за членство доколку одлучи на тоа.

Финска соработува со НАТО од 1994 година и се приклучи на партнерството за зголемени можности во 2014 година, откако Русија го анектираше Крим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОГРОМНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ! Откриен е ГЕН кој го удвојува ризикот од тешко заболување со ковид

Следно

Општина Кавадарци поделила над 3 000 новогодишни пакетчиња, најскапо ги платиле во Новаци – по 1 400 денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian