Еве кои намирници можете да ги јадете и навечер, а да не се здебелите!

3 mins read

Не знам зошто, ама мезење навечер е посебна категорија задоволство. И под навечер, не подразбирам 19ч часот, туку така, 22, 23… Некое доба во ноќта кога те спопаѓа глад и само мислиш некако да го отвориш фрижидерот и да „украдеш“ нешто сам од себе.

Сепак, важно правило кога станува збор за јадење навечер, е каков тип намирници ќе јадете и по што ќе посегнете. Еве кои можете да ги конзумирате и доцна навечер, без страв од вишок килограми.

Млечни производи

Млекото, само по себе не содржи многу калории, па е добар оброк за доцни часови. Истото важи и за ќефир, јогурт и кисело млеко. Доколку сакате да се заситите, а да не биде тоа со некоја грицка или слатко, чаша јогурт или ќефир со потпечени семиња и малку сол може да биде одличен оброк навечер.

Јаткасти плодови

Богати се со антиоксиданси и одличен избор за доцните часови, затоа што можат да ви помогнат да заспиете. Една рака полна микс од бадем/лешник/индиски орев е доволен за заситен стомак и мирна глава.

Зеленчук

Ова можеби не делува како најинтересниот оброк за навечер, но можете да направите супер комбинација од сезонска салата со рендан морков, зелка, цвекло, сосем малку зачинета и со микс семиња или малку тостирани јаткасти плодови. Ова знам да си го направам и јас кога гледам серија доцна навечер, а не сакам да јадам слатко или да забегам по чипсови.

Пуканки

Најчеста и најздрава грицка, пропратена со кино, филм или Нетфликс. Ако навистина имате потреба да јадете нешто пржено, пуканките се најмалиот „грев“.

Мисиркино

Немасните протеини се здрава врска со вашите мускули и можете да си каснете мисиркино навечер без грижа на совест. Ако имате можност, купете си спремни мисиркини медалјони и потпечете ги на кратко во рерна или на сосема малку масло. Со чаша вино, ова е добра вечера, но и мезе ако не сакате да јадете премногу. Исто и мисиркина шунка доаѓа предвид, но не премногу затоа што во неа сепак има конзерванс.

Интегрални грицки

Вакви грицки имате во секој рафт кај здравите производи. Оризови галети, крекери со семиња… Изборот е голем: можете да ги искомбинирате како додаток за салатата или да си ги грицкате индивидуално. Знам дека нема да ве задоволат, но битно е да се проба.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роналдо не верува дека Македонија може да изненади против Италија

Следно

Бебе почина од коронавирус во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian