Сите се согласуваат дека витамините помагаат во зајакнувањето на имунитетот, па затоа супата од зеленчук е секогаш добар избор за студените зимски денови.
Ако се трудите да изедете барем еден полесен оброк – ова е вистинскиот рецепт за вас. Од друга страна, супата може да послужи само како почеток на оброкот.
Состојки:
– 1/2 праз
– 2 моркови
– 1 целер
– 1 китка магдонос
– малку грашок
– малку зелка
– 1 свежа пиперка
– 1 тиквичка
– бибер во зрно
– 1 шолја ориз
– масло, ливчиња магдонос, ловоров лист
Подготовка:
Зеленчукот исечкајте го на коцки. На масло се пропржува еден рендан морков, па се додава сечканиот праз и се динста, а подоцна се додава и остатокот од зеленчукот и сѐ заедно малку се динста. Сипете вода, додадете ги биберот и ловоровиот лист. На крајот од варењето додадете го измиениот ориз. Готово е кога ќе се свари оризот. На крај, ставете и малку ливчиња магдонос, билни зачини и сол. Доколку сакате дополнително да ја „зајакнете“ супата, можете на крајот да додадете јајце изматено со кисела павлака.
Извор: www.slobodenpecat.mk