„Да се обидуваш намерно да се заразиш со ОМИКРОН е како играње со динамит“

2 mins read

Идејата дека можеби не е лошо намерно да се заразиме со сојот Омикрон стана почеста кај луѓето кои биле вакцинирани и оние кои ја примиле третата доза вакцина против Ковид 19. „Зошто намерно не се заразите со сојот Омикрон? Тој е благ, нели? И дали може да го зајакне имунитетот?“… Ова се само дел од прашањата што може да се видат на социјалните мрежи каде што се дебатира за неверојатно брзото ширење на соевите на Омикром низ светот.

Да се обидуваш намерно да се заразиш е како играње со динамит

– Таа идеја се шири како шумски пожар. И е широко распространета – доаѓа од сите типови на луѓе, од вакцинирани и оние кои ја примиле третата доза, но и од претставници на антиваксерите. Би биле луди ако се обидете намерно да го заразите со Омикрон. Тоа е како да си играте со динамит, рече д-р Роберт Марфи, извршен директор на Институтот за глобално здравје Хеви на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн.

Во случај таа мисла да ви дојде на ум, еве неколку причини зошто не треба намерно да се обидувате да се заразите со сојот Омикрон.

Ова не е „лоша настинка“ – Значајна треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, болки во грлото и тешка конгестија (акумулација на крв во некој дел од телото или назален исцедок) често се јавуваат дури и во поблаги случаи на омикрон.

Губењето на сетилото за мирис (а со тоа и чувството за вкус) стана почест симптом кај благи случаи на ковид 19. Истражувањата покажуваат дека околу 80 проценти од луѓето ја враќаат оваа способност за еден месец, но други веќе не мирисаат или вкусуваат по шест месеци или повеќе. Некои со помала среќа можеби никогаш нема да ги вратат тие две сетила.

Ќе го оптоварите здравствениот систем – Со намерно инфицирање на која било варијанта на САРС-КоВ-2, ќе ја одржите пандемија и ќе го оптоварите здравствениот систем.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Здрави и вкусни палачинки

Следно

Тешко повреден пешак на територија на Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian