Борел најави нов нуклеарен договор со Иран

1 min read

Нов договор со Иран за ограничување на неговите нуклеарни капацитети сега изгледа можен, изјави денеска шефот на ервропската дипломатија, Жосеп Борел истакнувајќи дека атмосферата во актуелните преговори во Виена е подобрена, пренесе ДПА.

-Пред ова бев песимист, но сега мислам дека можеме да постигнеме договор. Мислам дека треба да ги забрзаме работите, рече Борел во францускиот град Брест.

Ова е работа од големо значење и во следните неколку недели, се надевам дека ќе можеме да ве информираме за конечните резултати, додаде тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

2.000 луѓе примиле вакцина против корона со ИСТЕЧЕН РОК!

Следно

ВИДЕО: Пречекан со овации, Митревски е со репрезентацијата во Дебрецин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian