Анен: Најдобро е за сите Ѓоковиќ да не игра на „Австралија опен“

2 mins read

Голготата низ која поминува Новак Ѓоковиќ во Австралија ќе продолжи барем до недела, откако судијата Ентони Кели го „предаде“ случајот на Федералниот суд во Австралија.

Министерот за имиграција, Алекс Хок, одлучи да му ја одземе визата на српскиот тенисер и со тоа да ја искористи својата дискреција.

Почнаа да пристигнуваат реакции од сите страни. Некои го поддржуваат Ѓоковиќ да се бори до крај, а од друга страна има и размислувања дека најдобриот светски тенисер треба да ја напушти Австралија.

Поранешната белгиска тенисерка Жастин Анен која во 2004 година го освои „Австралија опен“ вели дека после сè што се случи во изминатиот период, најпаметно е Новак Ѓоковиќ да не игра на грен слем турнирот во Мелбурн (17 – 30 јануари 2022 год.).

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија

Анен која во својата кариера во поединечна конкуренција има седум грен слем титули, смета дека најдобро е престојниот турнир во Мелбурн да помине без Новак, бидејќи многу жители на Австралија „не сакаат да го гледаат“ Србинот.

– Мислам дека во овој момент е најдобро тој да не игра на турнирот. Кога нешто е толку комплицирано, не велам дека Ѓоковиќ не треба да се бори, бидејќи мислеше тоа е најправилно да се направи, но мислам дека сега е докажано дека многу Австралијци не сакаат да го гледаат како игра. Затоа можеби е најдобро за сите, за тенисот, за турнирот, можеби и за него, да не настапи – се зборовите на Анен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АА: Правдата ќе ги погоди и заштитените мечки од ДУИ

Следно

ФОТО | По смртта на синот, пејачката се обиде да се самоубие: Шинејд О’Конор сподели морничави пораки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian