Здравствените работници во Србија утре добиваат по 84 евра парична помош, од сабота пријава на младите за по 100 евра

1 min read

Српскиот министерот за финансии Синиша Мали денеска соопшти дека здравствените работници утре ќе добијат еднократна парична помош од 10.000 динари (околу 84 евра), а сите млади на возраст од 16 до 29 години ќе добијат по 100 евра во динарска противредност, што е 11.758,56 динари. Пријавувањето на младите за ваков вид помош ќе започне во сабота на 15 јануари и ќе трае до 30 јануари.

 

-Како што ветивме, во петок здравствените работници во Србија, или поточно 122.462 лица, ќе добијат парична помош од по 10.000 динари. Станува збор за здравствени работници кои се вработени во самиот здравствен систем, во воени здравствени установи, заводи за извршување на кривични санкции, установи за социјална заштита, чија работа се финансира од буџетот, Заводот за спорт, Заводот за здравствена заштита на Железниците на Србија, изјави министерот Мали во соопштението од ресорното министерство, во кое се додава дека од 1 јануари годинава платите на здравствените работници се зголемени за 8 отсто.

Мали потсети дека освен здравствените работници кои утре ќе добијат 10.000 динари, и пензионерите на 10 февруари ќе добијат парична помош од 20.000 динари. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Врањеш: Ги знаеме слабостите на Македонија и ќе се обидеме да ги искористиме

Следно

ВИДЕО | Ќе умрев од страв! Познатиот британски готвач открил како готвел за Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian