Во таборот на Словенија владее оптимизам пред вечерашната пресметка со Македонија на стартот од Европското првенство.
Селекторот Љубомир Врањеш најавува дека неговите ракометари ќе се обидат да дојдат до првите бодоби против Македонија за со голем оптимизам да го дочекаат дуелот со Данска во второто коло. Но, Врањеш во исто време предупредува дека дуелот со Македонија ќе биде тежок.
– Му се радуваме на натпреварот иако знаеме дека ќе биде тежок. Македонија напредуваше минатата година, па поради тоа ќе мора добро да се подготвиме. Тие се силни во одбраната, имаат добар голман и го имаат Кирил Лазаров, еден од најдобрите и најстари играчи на ЕП. Знаеме кои се нивните слабости и ќе се обидеме да ги искористиме – вели Врањеш.