Во Австралија измерени рекордни 50,7 Целзиусови степени

1 min read

Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови.

Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.

Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.

Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.

Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали омикрон ќе го продолжи зимскиот распуст?

Следно

„Подобро за Тетово“ со долгорочен проект за отстранување на кучињата скитници од градските улици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian