Веста за Петар Грашо и Хана Хуљиќ ги израдува сите: Се огласи и идниот дедо Тончи Хуљиќ

2 mins read

Откако веста дека Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе станат родители молскавично се прошири низ целиот регион, се огласи и идниот дедо, Тончи Хуљиќ од Белград.

Потврдено – среќни и возбудени: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе станат родители

Веста дека Хана Хуљиќ е бремена и го чека своето прво дете со Петар Грашо денеска е топ тема во сите балкански медиуми.

„Информациите за бременоста на госпоѓица Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се исклучително среќни. Како што знаете, Хана и Питер отсекогаш се труделе и ќе продолжат да се трудат да ја задржат својата приватност подалеку од очите на јавноста што е можно повеќе. Сè уште немаат планови за свадба“, изјавила за „tportal“, претставничката на Петар Грашо за комуникации со јавноста, Мартина Подгорски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petar_graso_fp)

60-годишниот Тончи Хуљиќ кој ова лето за првпат ќе стане дедо моментално е во Белград. Како што вели, и самиот не знае од каде протекуваат такви информации.

Музичарот се прашува како јавноста дознала за ова толку брзо, кога никој од неговото семејство не ги споделил, знаеле само луѓе од најтесниот круг.

„Веќе не зборуваме за тоа гласно, за некој да не чуе. Пропратно со моменталната состојба и безбројте повици, можам да кажам само две работи; прво, се надевам дека и син ми наскоро ќе ме изненади со една ваква вест. Второ, ние навистина не сме ријалити семејство, не се обидуваме да пополнуваме портали и да ја „малтретираме“ јавноста со нашите приватни животи. Затоа ова е сè што можам и сакам да кажам на оваа тема и сигурен сум дека го споделувам моето мислење со сите кои сега се дел од семејството“, изјави Хуљиќ за „Vecernji list“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невакцинираните Грци над 60 години до недела имаат рок да се вакцинираат, во спротивно ќе платат казна

Следно

На Бит Пазар приведен криминалец баран со потерница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian