САД ќе се обидат да воведат дополнителни санкции кон Северна Кореја преку Советот за безбедност на Обединетите нации.
Одлуката доаѓа откако Пјонгјанг тестираше неколку проектили, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.

„САД предлагаат санкции на ОН откако Северна Кореја истрела шест балистички ракети од септември 2021 година, што е кршење на резолуциите на Советот за безбедност“, напиша Томас Гринфилд на Твитер.
Соединетите Американски Држави во средата еднострано воведоа санкции кон Пјонгјанг поради тестирање проектили, а на црната листа се најдоа и шест севернокорејски државјани, една руска и една руска компанија, објави Ројтерс.
Тие се обвинети дека набавувале материјал за потребите на својата ракетна програма од Русија и Кина.

Анонимен американски дипломат изјавил дека Соединетите Држави предложиле пет лица да бидат под забрана за патување од ОН и да им биде замрзнат имотот.

Овој предлог, доколку биде усвоен, треба да биде одобрен со консензус на 15 членки на Комитетот на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја, вклучувајќи ги Русија и Кина.
„Ќе продолжиме да се координираме со партнерите, да ги подготвиме имињата на уште три лица и ентитети за кои САД веруваат дека ОН треба да ги разгледа“, додаде дипломатот.