Принцот Ендрју ги загуби сите воени чинови и кралски титули

2 mins read

Еден ден откако судија во Њујорк дозволи случај против принцот Ендрју за сексуална злоупотреба, вториот син на кралицата Елизабета Втора остана без сите воени чинови и кралски титули, како и добротворни фондови, соопшти денеска Бакингемската палата.

Палатата наведува дека принцот Ендрју, кој е обвинет за силување на Вирџинија Џуфре кога била тинејџерка, што тој го негира, „ќе продолжи да не презема никакви јавни должности и ќе се брани како обичен граѓанин“.

Тој повеќе нема да ја користи титулата „Неговото кралско височество“ во никакво официјално својство, како што беше случајот и со принцот Хари кога тој и неговата сопруга Меган се преселија во Америка во 2020 година.

„Со одобрение и согласност на кралицата, воената титула војвода од Јорк и кралското покровителство и се вратени на кралицата“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

Неговите должности сега ќе ги извршуваат другите членови на кралското семејство.

Според Њујорк Тајмс, принцот Ендрју веќе е „во голема мера протеран од јавниот живот“. Проблем беше фактот што и покрај обвинувањата против него, тој продолжи да ги носи сите свои почесни воени титули, поради што протестираа поранешните припадници на британските воени единици.

Инаку, барањето на адвокатот на принцот Ендрју да ја отфрли тужбата против него за сексуална злоупотреба на Вирџинија Џуфрe вчера беше одбиено во судот во Њујорк, што од Бакингемската палата не сакаа да го коментираат. Судењето на принцот, кој ги негираше обвинувањата, ќе се одржи во текот на годината, најрано во септември.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

„Повторно би го направила истото“: По одмаздата за сопругот станала првата жена на мафијата, секогаш дејствувала сама!

Следно

Полска усвои контроверзен закон со кој се зголемува владината контрола врз училиштата

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian