Одложена е средбата помеѓу Македонците од Бугарија и претседателот Пендаровски

1 min read

Одложена е најавената средба помеѓу претседателот Стево Пендаровски и забранетата партија ОМО Илинден Пирин на Македонците од Бугарија, потврдија од партијата за „Слободен печат“. Причина за одложувањето, како што велат, е состојбата со пандемијата со коронавирусот. Од ОМО Илинден Пирин не сакаат да коментираат ништо во врска со целите на посетата.

– Коментар ќе дадеме после евентуалната средба – велат оттаму.

Неодамна од кабинетот на шефот на државата потврдија дека Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија. Тие упатиле барање до претседателот за средба, а тој позитивно одговорил. Датумот на состанокот ниту тогаш не беше прецизиран, односно требаше дополнително да се утврди.

Барањето за средба со македонскиот претседател од ОМО Илинден Пирин следува по средбите на бугарскиот претседател Румен Радев со претставници на повеќе организации на Бугарите од Македонија. Претседателот Радев инсистира Македонија во својот Устав да ги вметне Бугарите како малцинство за да го тргне ветото за почетокот на преговорите за членство со ЕУ. На ваквите барања македонскиот државен врв не одговара со реципроцитет, со образложение дека не се меша во внатрешните работи на соседната земја, а македонското малцинство правата треба да продолжи да ги бара пред бугарските, како и пред европските институции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доживотен затвор за разузнавачот на Башар Ал Асад : Германскиот суд го осуди за убиства и мачење опозиционери

Следно

Шпанските власти демантираат дека има истрага против Ѓоковиќ

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian