Нетфликс ќе снима филм за Ѓоковиќ

1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ седми ден е во неизвесност во Австралија. Откако судот пресуди во негова корист, се уште има шанси да биде депортиран.

Името на Србинот се појави на ждрепката, но властите во Австралија одолговлекуваат со одлуката, а наскоро на програма е неговиот први меч во Мелбурн.

Сега доаѓа нова информација дека стриминг компанијата „Нетфликс“ веќе е во Австралија каде што собираат податоци за наскоро да започнат проект, пишува „Дејли Мејл“.

Да, тоа значи дека наскоро ќе излезе филм за Новак Ѓоковиќ и се што преживеал во текот на седумте дена во Мелбурн. Режисер треба да биде Џејмс Геј Рис, кој веќе се прослави со документарниот филм за Формула 1, насловен „Drive to survive“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Мисиркини увијачи со паста од црни маслинки

Следно

Рецепт: Мрзлива пита со јаболка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian