Милошоски: Димитров и Османи се две страни од иста паричка, не заслужуваат место во Владата

1 min read

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во вечерашното гостување на ТВ Сител рече дека Никола Димитров и Бујар Османи се „лице и опачина на една иста паричка“, дека двајцата “пет години глумеле кохезија заради кариерните позиции, на сметка на македонската дипломатија“ и тоа резултирало со неуспех за државата.

„Граѓаните со право немаат доверба во Владата или таа недоверба расте затоа што нејзините членови внатре во Владата, меѓу себе немаат доверба, она кое зачудува е како успеале Димитров и Османи пет години да глумат кохезија и да имаат меѓу себе солидарност веројатно задоволни што се на тие функционерски позиции, а позади тоа да се крие едно големо несогласување“, рече Милошоски.

„По мене, сите оние министри кои испратија лажна вест од владиниот авион Заев, Анѓушев, Димитров и Османи дека Македонија добила датум за преговори и ја манипулираа јавноста, не треба да се дел од Владата“, рече тој.

Милошоски вели дека и Димитров и Османи се лице и опачина на една иста паричка, како и тоа дека личните интереси ги имаат ставено пред државните и кариерата им е поважна од успехот на државата и не заслужуваат да бидат во Владата, затоа што како и новиот мандатар немаат легитимитет да бидат во Владата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полскиот министер за надворешни работи: Ризикот од војна поголем од кога било во последните четири децении

Следно

Лазаров: Горд сум на тоа што го одиграа момците, се наоѓаме на вистинскиот пат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian