Вицепремиерот за евроинтеграции во заминување, Никола Димитров, вечерва на својата страница на Фејсбук напиша дека му паднало паричката за Василица.
-Ми падна паричето! Мислете му ја, напиша Димитров, споделувајќи фотографија од василичарската погача.
Вчера, својата последна прес-конференција како вицепремиер Димитров ја искористи за да упати сериозни критики и обвинувања кон Владата, особено кон процесот на преговори со Бугарија. Тој рече дека не се повлекол, туку го смениле бидејќи имал различни ставови за преговорите со Бугарија. Димитров рече дека нема доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на преговорите, бидејќи има чувство дека тој сака решение по секоја цена.