Малите партии бараат од Џафери итно да ја закаже седницата за измените на Изборниот законик

1 min read

Малите политички партии кои се дел од владината коалиција бараат во најкус можен рок да се закаже пленарна седница и да почне расправата за измените на Изборниот законик. Доставиле и писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Бараат една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг.

Во писмото упатено до претседателот на Собранието потсетуваат дека Предлог-законот за измени на Изборниот законик е доставен уште на 5 март 2021 година и дека тој е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18 мај, но оти досега не е почната расправата.

-Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Инаку, со промените се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг, се наведува во барањето.

Барањето е потпишано од пратениците Павле Трајанов, Маја Морачанин, Моника Зајкова, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски и Бејџан Иљас.

Бараат да се донесе законот во рок од три месеци. Поддршка за изборните реформи ќе бараат од сите пратенички групи и независни пратеници. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како што брифираат иницјаторите на ваквите измени, начелно го поддржуваат предлогот, но ќе го отворат прашањето за изборниот праг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полска усвои контроверзен закон со кој се зголемува владината контрола врз училиштата

Следно

Миркуловски: Се виде дека младите имаат квалитет, има иднина во сите нив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian