Ливерпул не знае да дава голови без Слаах и Мане

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул и Арсенал одиграа без голови во првиот полуфинален натпревар во Лига купот.

Натпреварот го одбележа играчот на Арсенал, Гранит Џака кој во 24 минута го заработи шестиот црвен картон во дресот на „топчиите“.  Џака беше исклучен бидејќи со карате потег со собори Диого Жота.

И покрај предноста од играч повеќе, фудбалерите на Ливерпул не успеаја да го совладаат голманот на Арсенал, Ремсдејл.

Овој натпревар покажа дека Ливерпул ќе има проблеми со реализацијата кога во тимот ги нема Мохамед Салах и Садио Мане кои настапуваат на Африканскиот куп на нации.
Реванш натпреварот ќе се игра за седум дена во Лондон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петров ги коментира изјавите на Димитров: И кога паѓате, треба да го одржите нивото

Следно

Војник испратил писмо до мајка си за време на Втората светска војна: Писмото пристигнало 76 години подоцна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian