Селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, ги одбра 19 ракометари со кои ќе и се спротивстави на Словенија во првото коло од Европското првенство.
Вечерва (18 часот) во Дебрецин, Лазаров ќе дебитира како селектор на ЕП и за дуелот со Словенија ќе смета на 19 ракометари од вкупно 21 кои допатуваа во Унгарија.
На трибините во првото коло ќе останат голманот Благојче Трајковски кој непосредно пред заминувањето за Дебрецин беше повикан во репрезентацијата поради позитивните тестови на ковид-19 на голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ, како и еден од најмладите со националниот тим Марко Митев.