Кога ќе престанете да јадете јаглехидрати, телото го менува ритамот

4 mins read

Поминаа поголемиот дел од празниците и гозбите, а пред нас е дел од годината кога повеќето од нас ќе бидат на разни диети и посебни режими за да го вратиме телото во фит издание. И бидејќи повеќето диети се засноваат на намален внес на јаглени хидрати, еве што треба да знаете и што да очекувате кога ќе го лишите вашето тело од оваа хранлива материја.

Уште од Аткинсоновата диета, повеќето луѓе мислат дека намалувањето на јаглехидратите е здрав и одличен начин за слабеење. Според истражувањето на Меѓународниот совет за информации за храната, потрошувачите ги рангираат шеќерот и јаглехидратите како главни причини за зголемување на телесната тежина, па затоа не е чудно што диетите кои го ограничуваат внесот на јаглени хидрати се најпопуларни.

Јаглехидрати – или не?

Студијата, претставена на годишниот состанок на Европското здружение за кардиологија, опфати 25.000 луѓе во период од 11 години и откри дека луѓето кои во исхраната внесуваат најмалку јаглехидрати имаат 32 отсто поголем ризик од прерана смрт – вклучувајќи срцеви заболувања и рак – во споредба со оние кои јаделе храна богата со јаглени хидрати.

Не се сите јаглехидрати исти

Експертите веруваат дека неодамнешните откритија може да имаат врска со видовите јаглехидрати што ги јадете и со што ги заменувате.

„Важен е квалитетот на храната при диета со малку јаглени хидрати. Не е исто дали јадете само месо или јајца, а на менито ви е авокадо“, вели регистрираниот диететичар Јули Стефански.

Ви се спие

„Јаглехидратите се нашиот број еден извор на енергија“, вели гастроентерологот Џина Сем.

Во споредба со протеините и мастите, тие најбрзо се разградуваат на гликоза врз основа на која функционира нашето тело. Затоа може да ви недостасува одмор во овој режим и ќе се чувствувате поспано.

Ќе изгубите тежина

Јаглехидратите се житарици, скробен зеленчук, овошје и слатки, а тоа сочинува значаен дел од нашето мени. Кога ќе се ослободите од овие намирници, слабеете полесно од вообичаено, но штом ќе престанете со ограничувањето, телото се опушта и лесно ги враќа изгубените килограми. Затоа е важно по ограничувањето постепено да се воведуваат јаглехидрати.

Мозокот е побавен

На мозокот му требаат најмалку 120 грама јаглени хидрати дневно за да функционира. Кога влегувате во кетоза поради намален или целосно намален внес на јаглени хидрати, вашето тело и мозок губат значителен извор на енергија. Ова може да доведе до вртоглавица и главоболки.

Запек и варење

„Луѓето имаат тенденција да заборават дека некои јаглехидрати можат да бидат добар извор на влакна, а влакната помагаат во варењето“, вели д-р Сем.

Недоволното внесување на влакна може да ја отежне работата на вашиот дигестивен систем, особено ако јадете многу животински протеини.

Недостаток на витамини

Во екстремни случаи на намалени јаглехидрати, може да му отежнете на телото да добива витамини Б и Ц, антиоксиданси и влакна. Истражувањата сугерираат дека овие хранливи материи можат да бидат од голема помош за спречување на хронични состојби како рак и срцеви заболувања. Затоа е важно да ги задоволувате вашите нутритивни потреби додека сте на диета на други начини.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Д-р Боровиќ: Вирусите се лечат само и единствено со силни антиоксиданси! GE 132 + Natural превенира од вируси и го скратува времетраењето на заболувањето

Следно

Кошаркарка го обвини Треј Сонгс за силување, раперот негираше

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian