И д-р Петличковски бара да се продолжи зимскиот распуст додека не стивне ковид-бранот

1 min read

Комисијата за заразни болести пред два дена не донесе конечна одлука за почетокот на второто полугодие за учениците и најави дека тоа дополнително ќе се одлучува, во зависност од епидемиолоката состојбата.

Повеќе лекари и здравствени експерти повикуваат зимскиот распуст да се продолжи за две недели. По микробиологот проф.-д-р Никола Пановски, денеска тоа го стори и проф.-д-р. Александар Петличковски, директор на институтот за имунобиологија и хумана генетика.Денес, здравствените експерти апелираат да се отстранат дилемите и сепак да се одложи враќањето на децата во училишните клупи.

„Мислам дека има логика да се одложи почетокот на учебната година, бидејќи сега сме во најефикасниот момент за пренос на вирусот и мислам дека тоа ќе биде многу различно по две недели и сметам дека ќе имаме корист од одложувањето на школската година. Односно, точно кога бранот ќе почне да се намалува да не даваме нови услови за експресно негово ширење. Мислам дека треба да се размислува во таа насока“, вели Петличковски во изјава за Телма.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Гневна гола жена фрлаше работи од балкон во Италија, минувачите шокирани

Следно

Арсенал си најде засилување во Јувентус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian