Холандија ги олеснува ковид мерките

1 min read

Ограничувањата во Холандија од сабота ќе бидат олеснети и покрај бранот на нови инфекции предизвикани од омикрон, објавија во четвртокот холандските медиуми.

Продавниците, фризерите и теретаните ќе можат повторно да се отворат за ограничен број клиенти, соопштија радиодифузерите NOS и RTL, цитирајќи владини извори. Студентите ќе бидат добредојдени назад на нивните колеџи и универзитети, пишува Ројтерс.

Баровите, рестораните, театрите, музеите и другите јавни места ќе останат затворени.

Владата во петок формално ќе одлучува за измените

Јавните места, како и големите маркети, се затворени од средината на декември бидејќи болниците се мачеа да се справат со бранот пациенти со ковид-19, предизвикан од делта варијантата.

Бројот на пациентите во болниците оттогаш се подобри, но се очекува повторно да се зголеми во наредните недели бидејќи новите инфекции скокнаа на рекордно ниво откако омикрон стана доминантна варијанта.

Подобрената ситуација во болниците го зголеми притисокот врз владата да ги олесни ограничувањата, особено од пазарџиите во областите блиску до германската и белгиската граница, кои рекоа дека клиентите сега заминуваат во странство за да купуваат.

Локалните власти на југот и на истокот на Холандија оваа недела рекоа дека нема да интервенираат доколку продавниците одлучат да ги игнорираат наредбите за затворање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Велешанец нападнат на Бит Пазар

Следно

ВИДЕО: Охридските нуркачи го запалија василичарскиот оган под вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian