Хендикеп: Лазаров го пропушта Европското првенство

1 min read

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А.

Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг.  По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели.

Лазаров на ЕП сега ќе биде само во една улога, како селектор од клупата ќе ја предводи репрезентацијата, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Охридските нуркачи го запалија василичарскиот оган под вода

Следно

Повторно рекорден број на заразени во Србија: 13.753 во последните 24 часа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian