Грашо го очекува своето прво дете со 14 години помладата Хана

1 min read

Пејачот Петар Грашо го очекува своето прво дете со 14 години помладата Хана Хуљиќ. Таа објави и своја фотографија и доби голем број на честитки во коментарите.

„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист.

После тоа, Хана ја објави првата фотографија на својот Инстаграм откако ја потврди убавата вест, а честитките продолжија да доаѓаат:

„Честитки од срце, а бременоста, навистина се израдував. Прекрасна двојка сте“, „Честитки, убави сте“, „Убава вест“… гласат коментарите под нејзината фотографија.

Инаку, Петар и неговата 14 години помлада партнерка, ќерката на музичарот, текстописец и продуцент Тончи Хуљиќ и текстописецот Вјекослава Хуљиќ, врската ја започнаа минатата есен, но запознавањето датира од нивното детство.

– Точни се информациите за бременоста на Хана Хуљиќ. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете, Хана и Петар секогаш, и ќе продолжат да се трудат, максимално да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Се уште немаат планови за венчавка – изјавија од ПР тимот на пејачите.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Најлошиот кошмар на кралското семејство се оствари: Принцот Ендру ќе мора да ја докажува својата невиност на суд

Следно

Велешанец нападнат на Бит Пазар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian