ГЕРБ се сомнева во позитивниот тест на Минчев: Дали Радев го повлече Петков за уши за посетата на Скопје?

2 mins read

Многу е важен моментот дали ПЦР тестот претседателот на бугарското Народно Собрание Никола Минчев го направил пред или по маратонската седница на Консултативниот совет за национална безбедност, посочуваат од бугарската опозиција, бидејќи откако тој соопшти дека е позитивен на ковид, целиот бугарски државен врв влезе во карантин.

Опозициската партија ГЕРБ денеска изрази сомневање и покрај тоа што Минчев ПЦР тестот го објави јавно на Фејсбук уште вчера, откако тоа го побара лидерот на Преродба Костадин Костадинов.

ГЕРБ се уште се сомнева и инсистира Минчев да каже каде и од која лабораторија му е направен ПЦР зошто поради него сите 28 учесници на седницата на Консултативниот совет кај претседателот Румен Радев на тема членството на Република Северна Македонија во ЕУ во понеделникот се ставени во карантин.

Според поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов од ГЕРБ, има низа несовпаѓања меѓу достапните информации и роковите во кои може да се направи корона тестот.

Ангелов коментира дека има две можности – или тестот е направен по Консултативниот совет за национална безбедност (КСНБ), но тој смета дека ПЦР не може да излезе за толку брзо време и обично се чека по два часа, или тестот бил направен пред седницата на Советот.

„Ако тестот бил направен пред КСНБ, тој имал симптоми пред седницата и неговото појавување на Советот е неодговорно однесување“, рече тој.

Според Ангелов, позитивниот тест на Никола Минчев можеби е поврзан со планираната посета на премиерот Кирил Петков на Северна Македонија на 18 јануари, која беше одложена поради карантинот на Петков.

„Ова беше спасоносен потег за бугарската влада и за премиерот Петков, бидејќи во спротивно немаше да може да го исполни она што го декларираше од говорницата на Народното собрание. На крајот претседателот го повлече за уши премиерот Петков на Консултативниот совет“, рече Ангелов.

Вчера лидерот на Преродба Костадин Костадинов реагираше до Минчев и му најави дека кога ќе излезе од карантин ќе му побара јавно одговори на неколку прашања меѓу кои е и клучното, имал симптоми, се тестирал и заминал на седницата на Советот по што сите членови ги ставил во опасност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Добри вести: Митревски има негативен тест на ковид-19

Следно

Д-р Боровиќ: Вирусите се лечат само и единствено со силни антиоксиданси! GE 132 + Natural превенира од вируси и го скратува времетраењето на заболувањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian