Францускиот оператор за пренос на електрична енергија предупредува на зголемената потрошувачка во шест француски региони

2 mins read

Операторот на електропреносната мрежа во Франција РТЕ го активираше својот жолт Ековат сигнал (на скала од зелена до црвена) изутринава 13 јануари од 6 до 18 часот во регионите Гранд Ест и Бургоњ-Франш-Комте. Тој смета дека потрошувачката на струја е голема и препорачува намалување на потрошувачката со оглед на падот на температурите, јави дописникот на МИА.

 

-Нема ризик од прекин на струја, но ајде сега да усвоиме акции на штедење за да ја намалиме нашата потрошувачка, се вели во твитот на РТЕ во Источна Франција. РТЕ гарантира дека нема ризик од прекин, но го охрабрува населението да ги преземе вистинските потези.

Четири други француски региони се класифицирани како „жолти” на Ековат, според различни временски периоди: Горна Франција, Ил де Франс, Оверњ-Рона Алпи и Прованс-Алпи-Азурен Брег. Според РТЕ целата земја повторно ќе премине во „зелена” – нормална потрошувачка – во сабота на 15 јануари.

-Овој сигнал се активира за да се подигне свеста кај жителите кога потрошувачката на електрична енергија во еден регион е поголема од неговата историска потрошувачка во исто време, се вели во соопштението за печатот на РТЕ. Во него се додава дека „не постои ризик за безбедноста на снабдувањето во овие региони или во Франција”, РТЕ верува дека „ако сите Французи изгаснат една сијалица, ќе се постигне заштеда на потрошувачката на електрична енергија од 600 MW на национално ниво, односно приближно потрошувачката на електрична енергија на Мретрополата Нанси или Еврометрополата Мец”.

„Електричната временска прогноза” на Ековат советува, на пример, да не го полните телефонот од 8 до 13 часот и од 17:30 до 20:30 часот, да го одложите користењето на електричните уреди, да не ги оставате уредите во режим на подготвеност (телевизор, интернет модемите, компјутерите …

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Десет дена откако го постави, Арсовска го разреши директорот на Градски паркинг

Следно

Мицкоски ја условува средбата со Ковачевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian