ЕП 2022: Дербито за Франција, Холандија го шокира домаќинот Унгарија

1 min read

Првиот ден од ракометното ЕП 2022 донесе сензација, ко-организаторот, Унгарија загуби од Холандија со 28:31. Холанѓаните уште од првата минута имаа водство и го диктираа резултатот, а на одмор заминаа со предност од 10:13 иако во 25 минута имаа и водство од пет гола (7:12).

Унгарците не се предаваа вовториот дел и во 57 минута по двата гола на Мате Лекаи дојдоа до израмнување 27:27. Но, во последните три минути, Холанѓаните постигнаа три гола по ред и дојдоа до сензационална победа од 28:31. Кај Смитс постигна десет гола за Холандија, додека Лекаи даде девет за Унгарија.

Во дербито на првото коло, Франција со 27:22 ја победи Хрватска и направи голем чекор кон освојување на едно од првите две места во групата Ц. Французите го искористија отсуството на клучните бекови на „коцкестите“, Дувњак и Циндриќ, поведоа со 4:1 и предноста ја одржуваа до крајот на натпреварот за триумф од пет гола разлика (27:22). Уго Деска со седум гола и Дика Мем со шест беа најдобри кај Франција, додека кај Хрватска се истакна Иван Чупиќ со шест пстигнати голови.

Актуелниот светски и олимписки шампион, Данска имаше полесен тренинг против Црна Гора и славеше 30:21, исто како и Шведска и Норвешка кои славеа над Бих (30:18), односно Словачка (35:25).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Ми падна паричето, мислете му ја“: Димитров се пофали на Фејсбук

Следно

Апокалиптични предвидувања: 153 милиони луѓе ќе имаат деменција до 2050 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian