Добри вести: Митревски има негативен тест на ковид-19

1 min read

На денот на одигрување на првиот натпревар на ЕП против Словенија, голманот Никола Митревски има негативен тест на ковид-19 и наскоро би можел да им се приклучи на репрезентативците во Дебрецин.

Митревски беше позитивен на коронавирус на задолжителното тестирање на 10 јануари и остана во Скопје поради протоколите на ЕХФ, но оттогаш голманот на Порто направи три антигенски и еден ПЦР тест и сите резултати беа негативни.

Но, поради протоколот на ЕХФ, Митревски ќе ги пропушти првите два натпревари на Македонија на ЕП, против Словенија и Црна Гора, а доколку уште еден ПЦР тест биде негативен, ќе може да биде во комбинација за настап во третото коло противи Данска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс” од Скопје

Следно

ГЕРБ се сомнева во позитивниот тест на Минчев: Дали Радев го повлече Петков за уши за посетата на Скопје?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian