Апокалиптични предвидувања: 153 милиони луѓе ќе имаат деменција до 2050 година

2 mins read

Нов труд што ги анализира трендовите на јавното здравје во 195 земји, предвидува дека деменцијата како заболување ќе ја имаат околу 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година. Тоа е околу трипати повеќе отколку во 2019 година.

Тројното зголемување на когнитивните нарушувања со оштетена меморија, вклучително и Алцхајмеровата болест, е поврзано со трендовите во ризичните фактори – дебелината, дијабетесот, ниското образование и пушењето. Испитувањата се објавени во „Глобал бурден оф дезис“ (Global Burden of Disease). Жените кои живеат со деменција и натаму ќе бидат побројни од мажите и наредните 30 години, поради генетските фактори на опасност и подолгиот животен век, бидејќи ризикот од деменција се зголемува со возраста.

Истражувачите предвидуваат дека Северна Африка, Блискиот Исток и источна субсахарска Африка ќе доживеат најголем пораст на деменција, а бројките ќе се зголемат за четири пати. Спротивно на тоа, помал раст се очекува во побогатите земји во Азиско-пацифичкиот регион и во Западна Европа.

Сепак, прогнозата може да се промени доколку се преземат соодветни мерки.

Трудот дава „апокалиптични проекции кои не ги земаат предвид препорачаните промени во животниот стил“, велат лекарите од Универзитетската болница во Бордо, Франција – Мајкл Шварцингер и Керол Дуфоил, кои не биле вклучени во испитувањата.

Поради сето горенаведено, надлежни лица се обидуваат да осмислат политики насочени кон справување со опасноста од деменција, која е седма на списокот водечки причини за смрт во светот. Производителите на лекови, исто така, се обидуваат да осмислат терапии за борба против Алцхајмеровата болест.

Иако се барани од многу компании, лековите за Алцхајмерова болест досега покажаа ограничена делотворност во борбата против деменцијата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕП 2022: Дербито за Франција, Холандија го шокира домаќинот Унгарија

Следно

ВИДЕО | Објавена снимка од летечки автомобил на британска компанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian