Зетот на Тоше Проески: Ова со гитарата е маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија

1 min read

Неодамна одекна веста за новата бугарска поп-фолк сензација Лео кој го претстави својот дует со Алиша „Ти си мојот живот“.

Имено, како што пренесоа бугарските медиуми младиот пејач свирел специјална гитара, односно гитара која му припаѓала на нашиот Тоше Проески.

ВИДЕО | Бугарски пејач со гитарата на Тоше гради кариера: Не е познато како стасала кај него

Веста предизивка бројни реакции во јавноста, а многумина се прашуваа како гитарата на Тоше завршила во рацете на младиот бугарски музичар.

„Сите гитари кои беа на Тоше, исто како и останатите музички инструменти кои тој ги поседуваше се изложени во музејот во Крушево. Ниту една не е продадена, ниту пак дадена некому на користење. Ова со гитарата, ми личи на маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија.“, изјави за „Фокус“ Славен Ристески, сопруг на сестрата на Тоше.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските футсалци ќе имаат двомеч против светскиот шампион

Следно

Приведен скопјанец поради поседување и продавање дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian