ВИДЕО | Ти кажувам ќерко, сети се снао: Девојката на поранешниот на Емина Јаховиќ сама си се „запроси“

1 min read

Турската музичка ѕвезда и поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Mустафа Сандал вчера го прослави 52-иот роденден.

Неговата нова девојка му го честиташе роденденот на Инстаграм со порака што многумина ги остави во прашалници. Пејачот е во врска со младата Мелиса Сутшуруп која е успешна деловна жена, а стана популарна летоска, откако јавноста дозна дека таа е во врска со Мустафа.

Со објава на која имаше поставено фотографии во колаж од неа и Мустафа, Мелиса напиша:

„Можеби пред мене те чекала девојка со мираз, можеби имале пред мене автомобил, можеби те чекале со мираз, можеби си и ти виновен… Но сето тоа доведе за овој ден денес, мој Кито.

Секогаш сум тука за тебе, сакам да се смееш, да се радуваш. Среќен роденден идно мое презиме“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melis Sutsurup 🌈 (@melisutsurup)

Мустафа се разведе од Емина Јаховиќ во јуни 2018 година, а се договорија да ги одгледуваат децата заедно.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Протести во Бугарија, демонстрантите сакаат да влезат во Собранието

Следно

Почна да се гради основно училиште во Визбегово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian