ВИДЕО | Сведоштво: Со години живеат во страв од насилната сосетка која 15 години не добива никаква терапија, а има шизофренија

2 mins read

Случајот во кој вчера беше физички нападната скопјанката Билјана Спасеска Георгиевска од психички болнаta сосетка, ја крена јавноста на нозе. По објавувањето на потресното сведоштво таа денес во изјава за „Слободен печат“ рече дека десетици граѓани од речиси сите градови во земјава ја контактирале и со неа споделиле дека имаат слични судбини, односно се постојано на мета на луѓе со ментални проблеми за кои институциите велат дека не се надлежни.

Случајот со соседтката ескалираше вчера. Откако долг период претходно таа вербално не напаѓаше, вчера првпат беше физички насилна. Ме нападна без да биде претходно испровоцирана, јас бев неподготвена да се одбранам и буквално добив ќотек. Ме влечеше за коса, ме маваше со тупаници по глава. Барав помош, но ниту еден од соседите не излезе да ми помогне. Жената е болна од шизофренија и веќе 15 години не добива никаква медицинска терапија. Крајно време е институциите да се одважат и да кажат кој е надлежен за ваквите случаи, а ги има во голем број, вели Билјана, се уште видно потресена по вчерашната непријатна случка.

Таа објаснува дека сосетката многу пати досега била пријавувана во МВР, но залудно.

Во ПС „Беко“ сите ја знаат, еднаш со камен ги мавала полицајците. Ги повикувам надлежните да го решат овој случај. Таа има сестра близначка, можеби треба да се исконтактира со неа и како нејзина блиска роднина да преземе одговорност, повикува Билјана.

„Слободен печат“ чека одговори од надлежните институции во врска со случајот со насилната сосетка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зелените ја предложија Алиса Бах Кунке за кандидат за претседател на Европскиот парламент

Следно

Распоредот на натпреварите од првата фаза на Европското првенство 2022

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian