ВИДЕО| Српската полиција објави најново видео за исчезнувањето на Матеј Периш: Полицијата изврши реконструкција на движењето на сплиќанецот

1 min read

Полициските службеници прегледале стотина часови материјал, снимен од сите надзорни камери од трасата на која се движел Периш и врз основа на нив направиле реконструкција на неговото движење, од моментот на напуштање на Бетон халаѕа во 1.43 часот до моментот на неговото спуштање. до водите на реката Сава, во 1.52 часот од каде му се губи секоја трага.

Игор Јуриќ открива контроверзи околу исчезнувањето на Матеј Периш/Фото: Скриншот

Врз основа на сите снимки, јасно е дека Матеј Периш од моментот кога ја напуштил Бетон халата , освен со таксистот кога застанал и со кој полицијата имала разговор, не бил во контакт со ниедна друга. личност.

– Потенцираме дека во досегашната истрага полицијата извршила разговор со пријателите на Матеј кои вечерта биле со него, персоналот на клубот, сите сведоци и дека врз основа на сите изјави, исклучуваме каква било можност дека на неговото исчезнување му претходел некаков конфликт илифизичка премсетка , соопшти полицијата

Нуркачи трагаат по младиот Матеј/ Фото колаж на СП/ Фото Tom Dubravec/Cropix

Припадниците на српската полиција , 13 дена континуирано трагаат по Матеј Периш, а од пријавата за неговото исчезнување, на 31 декември минатата година. На истрагата им се приклучија и група хрватски полицајци кои треба да помогнт во истрагата Но и покрај максимални напори преземени за да се пронајде , засега нема резултати од потрагата .

Останува мистеријата за тоа каде исчезнал младиот сплиќанец

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Распоредот на натпреварите од првата фаза на Европското првенство 2022

Следно

Адвокатката на Есма Реџепова со шокантни детали: Бараат наследство, а сè уште не платиле за нејзиното лекување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian