Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп откако денеска во Ријад (Саудиска Арабија) после продолженијата со 3:2 ја совладаа Барселона.
Головите за „кралскиот“ клуб ги постигнаа Винисиус Јуниор во 25, Карим Бензема во 72 и Федерико Валверде во 98 минута.
А за каталонскиот гигант стрелци беа Лук де Јонг во 41 и Ансу Фати во 83 минута од средбата.
Реал за трофејот во ова натпреварување ќе игра со победникот од второто полуфинале кое е закажано за в четврток во кое се среќаваат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
Реал Мадрид досега 11 пати во својата историја го има освоено шпанскиот Суперкуп, зад водечката Барса која останува со 13 трофеи.