ВИДЕО: Челси е првиот финалист во Лига купот

1 min read

Лондонските „сини“ обезбедија пласман во големото финале на англискиот Лига куп откако и во реваншот триумфираа над Тотенхем со 1:0. На првиот меч Челси беше подобар со резултат 2:0.

Единствениот погодок за новата победа на Челси го реализираше Антонио Ридигер во 18 минута после корнерот кој го изведе Маунт.

Во 56 минута главниот судија досуди пенал за Тотенхем, после стартот на Кепа Аризабалага, но по прегледувањето на видео снимката, ја промени одлуката.

Спарси немаа среќа со ВАР ни во 64 минута кога Хари Кејн стрелаше за 1:1, но погодокот беше понитешн поради офсајд.

Клубот од „Стемфод Бриџ“ досега пет пати го освојуваше ова натпреварување, последен пат во 2015 година.

Првиот меч од второто полуфинале ќе се игра в четврток, на стадионот „Енфилд“ силите ќе ги одмерат Ливерпул и Арсенал, а возвратната пресметка на „Емирати“ е закажана за 20 јануари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски ќе ангажира две угледни професорки – Македонки во Англија и Германија за советнички

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Има ли уште сомнежи? Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон на пица и сладолед држејќи се за раце и во топла прегратка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian