ВИДЕО | Бугарско МВР: На протестите во Софија се повредени девет полицајци, двајца демонстранти се приведени

2 mins read

Сумирајќи го денешниот протестен ден во Софија, бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека неговите претставници го одржаа јавниот ред и мир во главниот град, не дозволија посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и го спречија влезот во зградата на Народното собрание.

Пред почетокот на протестот, полициските службеници привеле две лица, едно 32-годишно лице кај кое било пронајдено оружје на гас, и еден 53-годишник во чиј автомобил биле пронајдени муниција и пиротехнички средства.

Околку Народното собрание во попладневните часови неколку пати дојде до ескалација на тензијата, а полицајците успеале да го спречат обидот за влез во зградата на Народното собрание. Во интервенцијата биле повредени девет униформирани лица, кои се пренесени во болниците на преглед и лекарска помош.

Бугарското МВР соопшти дека за да ја покажат потребата од зачувување на јавниот ред и мир, полициските службеници вклучени во безбедноста на парламентот не беа опремени со заштитни шлемови и штитови. Меѓутоа, нивната порака не беше разбрана и во раните попладневни часови дојде до судири меѓу полициските службеници и дел од демонстрантите. Полицијата упати повика до учесниците на протестот своето мислење да го искажат на мирен начин и без нарушување на јавниот ред.

ВИДЕО | Протести во Бугарија, демонстрантите сакаат да влезат во Собранието

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФК Вардар со мисија годинава да се врати во Првата лига

Следно

Многумина се сеќаваме на ликот на Малком, но самиот Френки Мјуниз не! Актерот откри дека претрпел повеќекратни мозочни удари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian